БЏК куп: Македонија со победата над Израел го освои 4.то место во II-та Евроафриканска зона

April 13, 2024

Тенисерките на Македонија настапот оваа година во Били Џин Кинг купот го завршија на 4.то место во рамките на Втората Евроафриканска зона со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (од Хрватска). Ова за нашата репрезентација за оваа генерација по ланскиот пласман во Втората зона значи изборен опстанок, но она што е исклучително важно е дека македонскиот тим забележа три победи против европски репрезетации, кои неколку години се дел од овој ранг, а единствениот пораз е од Хрватска селекција која веќе избори враќање во Првата Евроафриканска зона и го освои првото место откако во финалето има добиен меч со домаќинот Литванија со 2-0.

Македонија денешниот меч со Израел го почна со победата на Магдалена Стоилковска против Мика Бучник со 2-0 во сетови (62 64). Во вториот меч следуваше убедливиот триумф на Лина Ѓорческа против Катрин Алтори со 2-0 и максимални (60 60). По водството од 2:0 и обезбедената победа во двојки за Македонија настапија Теона Андова и Ана Митевска, кои мечот во двојки го загубија од Карин Алтори и Алиан Зак со 2-0 (60 62).

Македонија и следната година ќе биде дел од Втората Евроафриканска зона.

Конечен пласман:

  1. Хрватска
  2. Литванија
  3. Египет
  4. МАКЕДОНИЈА
  5. Израел
  6. Грузија
  7. Естонија
  8. Босна и Херцеговина
  9. Косово
  10. Мароко
  11. Малта

РЕЗУЛТАТИ НА МАКЕДОНИЈА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО ВО ВИЛНУС:

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 2:1

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 0-3

МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА 2-1

МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 2-1

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани