Бугариќ и Ивановски запрени во четвртфиналето во двојки на Macedonian Open 2023

May 25, 2023

Македонската комбинација Берг Бугариќ и Калин Ивановски остана без полуфинале на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 откако попладнево го загуби четвртфиналето од чешката комбинација Петр Нуза и Ендрју Полсон со 2-0 во сетови (7:6(5) и 6:4) за 80 минути игра. Македонските тенисери претходно во првото коло ги победија Раџа и Шаран од Индија со 2-1 во сетови.

Првиот сет почна одлично за Ивановски и Бугариќ кои направија брејк и поведоа со 2:0, а потоа и со 3:1. Сепак ривалите изедначија на 3:3 и потоа сетот беше решен во тај брекот кој со 7:5 на поени им припадна на чешките тенисери, кои направија еден брејк повеќе 3-2 искористувајќи ја втората сет топка.

Во вториот сет по 2:2 во гемови Нуза и Полсен направија брејк за водство од 3:2, а при резултат 4:3 за чешките тенисери, Бугариќ и Ивановски не искористија три брејк топки за изедначување на 4:4. По 5:3 противниците на Ивановски и Бугариќ ја искористија првата меч топка за 6:4 во вториот сет.

Ивановски и Бугариќ за пласманот во четвртфиналето ќе освојат по 16 поени во конкуренција на двојки.

Полуфиналните мечеви утре (петок) почнуваат во 10:30 часот.

Фото: Игор Паневски

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани