Бугариќ: Вистинско задоволство е да се игра во Скопје

May 20, 2024

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Берк Бугариќ е еден од четирите македонски тенисери кои имаат настап на годинашново издание на Macedonian Open, но во првото коло од квалификациите загуби од Жером Ким од Швајцарија со 2-0 во сетови (75 60). Бугариќ одигра добар прв сет, но сепак противникот имаше подобар настап. Македонските тенисер даде свое видување за турнирот.

  • Вистинско задоволство е да се игра во Скопје, на домашен терен. Организацијата е одлична, ова е секако мое мислење, но и коментарите на другите играчи кои се тука се исти, особено што тие тоа го потенцираат. Јас имав повреда и се трудам да ја подигнам формата и сметам дека настапот тука и мечеви од ова ниво ќе ми помогнат, изјави на прес конференцијата Бугариќ.

За Бугариќ следува и настапот во конкуренција на двојки каде ќе настапи заедно со Димитар Грабул. Нивниот меч на програмата е утре (вторник) и ќе играат против Американецот Џорџ Голдхоф и Романецот Александру Жечеан.

 

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани