Македонската двојка Јана Божиновска и Катја Ивановска го играа финалето на младинскиот турнир J30 Скопје во конкуренција на двојки за тенисерки што изминатава недела се играше на терените на ТК Поинтер Тенниспарк. Македонските тенисерки го загубија финалето по голема од ривалките – сестрите од Грција Александра и Лидија Папајотиду. Финалето заврши во два сета и двата во тај брејк им припаднаа на противничките на Божиновска и Ивановска – 76(2) и 76(6).
На турнирот во поединечна конкуренција кај девојчињата македонската тенисерка Сара Митевска (14 години) во поединечна конкуренција стигна до четвртфиналето, додека во конкуренција на двојки беше полуфиналистка заедно со Теа Ковачевиќ од Босна и Херцеговина.
Кај тенисерите 16-годишниот Кристијан Јанев во поединечна конкуренција беше дел од четвртфиналните мечеви.