Осумнаесет мечеви се предвидени да се одиграат денеска на третиот ден на „Триглав опен“ во Скопје. 12 мечеви во сингл и 6 мечеви во двојки, а според програмата македонските тенисерки своите мечеви ќе ги играат на цетралниот терен на ТК Југ.
Прва на теренот ќе се појави Лина Ѓорческа, која во меч од второто коло игра против Унгарката Лука Удварди. Мечот нема да почне пред 12:30 часот. Веднаш по тој меч следува дублот на Магдалена Стоилковска и Ања Станковиќ од Србија против Ксенија Ласкутова (Русија) и Ани Вангелова (Бугарија). Како меч број пет е закажан дублот на Ива Данева и Ана Митевска (репрезентативките на Македонија) против Никол Фоса Хуерго (Италија) и Диана Марцинкевича (Летонија).
Инаку две тенисерки веќе се пласираа во третата рунда. Тоа се Ива приморац од Хрватска, која ја победи носителката број 10 Габриела Це од Бразил со 2-0 во сетови (64 62) и 16.носителка Рина Саиго од Јапонија, која беше подобра од Илај Јорук од Турција со 2-1 во сетови (46 64 76(0)).
Мечевите се играат на четири терени, а почетокот е во 9 часот, а влезот е слободен.
ФОТО: Денис Дуковски