Изминативе денови во Битола беше организиран турнир за тенисери и тенисерки до 14 години, кој беше од категорија 3. Ова секако беше одлична можност за настап на младите македонски тенисери, па во конкуренција кај момчињата настапија 14 македонски тенисери, а кај девојчињата настапија 8 тенисерки.
Најдобар пласман постогна Марко Алексовски, кој загуби во полуфиналето од победникот на турнирот Лука Костиќ од Србија. Алексовски беше совладан со 2-0 во сетови (75 62), а претходно во второто коло го победи Алберто Скотачи од Италија со 2-0 во сетови (62 62), убедлив беше во третото коло кога на Германецот Максимилијан Хајцик не му дозволи да освои ниту еден гем (60 60 во сетови). Во четвртфиналето од Романецот Лука Разван Гергисиан Амза загуби само еден гем 2-0 во сетови (60 61). Алексовски на турнирот беше рангиран како трет носител, а загуби од Костиќ (втор носител).
Од другите македонски тенисери настапија: Даријан Пановски, Марко Дебрешлиоски, Василиј Закоски, Марин Стефановски, Иван Трпковски, Стефан Дебрешлиоски, Алексеј Стојановски, Андреј Темов, Марко Божиновски, Михаил Јанев, Алек Јакимовски и Дамјан Бошевски. Кај девојчињата настапија: Надица Блажевска, Јоана Милкова, Анастасија Арсовска, Нас Бајрам, Лина Николовска, Ивана Божиновска, Ивона Нанева и Деа Крстевска.