Без поголеми поместувања на македонските тенисери и тенисерки на АТП и ВТА листите

October 23, 2023

Новото рангирање на АТП и ВТА листата не донесе поголеми поместувања за македонските тенисери, особено што сите останаа на истиот број на поени од претходната недела. Кај мажите Калин Ивановски има пад од три позиции и сега се наоѓа на 308.то место со 176 поени. Горазд Србљак има скок од шест места – 1066.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1.474.то место со 3 поени, скок 11 позиции.

Кај жените Лина Ѓорческа со 399 поени има пад за едно место 187.мо, додека Магдалена Стоилковска е рангирана на 1.227.то место со 8 поени и има скок од седум позиции.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 628.то место – скок од пет позиции со 79 поени, а Берк Бугариќ е рангиран на 1361.то место со 16 поени. Марковски има пад од две места и е на 1.485.то место со 13 поени, додека Елдин Хусеиновиќ со три поени има напредок од четири позиции и е рангиран на 2.125.то место.

Ѓорческа во конкуренција на двојки е на 317.то место со 256 поени, пад за три места, а Стоилковска со 6 поеи има скок од 6 места и се наоѓа на 1.461.то место.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани