По комплетирањето на мечевите од првото коло во конкуренција на двојки Македонија остана без свои претставнички. Последна во борба за четвртфиналето беше Магдалена Стоилковска која настапуваше заедно со Ања Станковиќ од Србија, откако нивниот меч беше одложен во вторник, во средата почна на еден терен (терен број 5), а потоа поради темница беше завршен под светлото на рефлекторите на Централниот терен.
Стоилковска и Станковиќ го добија првиот сет со 7:6 во тај брекот беше 11:9 и поведоа со 1-0. Противничките Ксенија Ласкутова (Русија) и Ани Вангелова (Бугарија) го добија следниот сет со 6:2, а потоа во решавачкиот сет беше 10:8 на поени за руско-бугарската комбинација.
Во мечот од првото коло младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска загубија од Никол Фоса од Италија и Диана Марцинкевича (Летонија) со 2-0 во сетови (60 и 63).