Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ направи скок на ИТФ ранг листата за играчи до 18 години. Тој на најновото рангирање е рангиран на 521.то место со 120.5 поени. Амар има скок од 26 места и 8.25 поени повеќе во однос на претходното рангирање. А.Хусеиновиќ последната недела имаше настап на квалитетен турнир во Литванија.
Покрај него во категоријата на тенисери до 18 години ранг имаат уште: Александар Трифуновски, Филип Стојановски и Горјан Вукичевиќ.
Кај девојчињата во оваа категорија најдобро рангирана тенисерка и оваа недела е Јана Божиновска на 1441.то место, а ранг имаат уште Катја Ивановска, Сара Митевска, Ана Митевска, Теона Андова, Ивана Милкова и Зара Зафировска.
Сара Митевска е најдобрата македонска тенисерка во две возразни категории: за тенисерки до 16 години Сара е рангирана на 239.то место, додека во категоријата до 14 години е на 51.то место.
Кај тенисерите до 16 години Кристијан Јанев најадобро рангираниот македонски тенисер на ранг листата на tenniseurope (301.мо место), додека во конкуренција на играчи до 14 години Марко Алексовски има најдобар ранг – 266.то место.