УС Опен – квалификации: Аргентинката Јулија Риера противничка на Ѓорческа

August 18, 2024

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против тенисерката од Аргентина Јулија Риера. Ривалката има 22 години и се наоѓа на 122 место на ВТА листата и е треторангирана тенисерка од Аргентина на ВТА листата. Таа минатата година имаше настап во квалификациите на овој грен слем турнир (второ коло квалификации), а сега е рангирана како 19-та носителка во квалификациите.

Риера најдобриот ранг го имаше во мај годинава по триумфот на ИТФ фјучрсот во Висбаден, Германија.

Мечевите од првото коло од квалификациите во двете конкуренции нна УС Опен ќе се играат во понеделник и во вторник.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани