Ана Митевска е единствената македонска тенисерка учесничка на Европското првенство што се игра во Парма за тенисери и тенисерки до 16 години. Таа во меч од второто коло ја победи Елена Торбица од БиХ со 2-0 во сетови (60 60). Во следната рунда ќе игра со победничката од мечот Мари Лапима од Естонија и Дафне Перикард од Франција.
Зара Зафировска во мечот од втората рунда загуби од 14.та носителка Аделина Лахинова од Летонија со 2-0 во сетови (75 61).
Двајцата претставници кај момчињата ги загубија мечевите. Кристијан Јанев загуби во првото коло од Дује Марковина од Хрватска со 2-0 (61 62), додека Амар Хусеиновиќ загуби од 14.носител Јан Саџек од Полска со 2-0 во сетови (64 76(5)).
Македонските дублови утре ќе играат мечеви од првото коло. Зара Зафровска и Ана Митевска ќе играат против италијанските тенисерки Каролина Гасперини и Илари Пистоло од Италија (12.носителки), а Амар Хусеиновиќ и Кристијан Јанев за ривали ги имаат врсниците Хајдер Чем Гокпинар и Керем Јилмаз од Турција (16.носители). Мечевите се играат утре – вторник.