Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ беше полуфиналист на јуниорскиот турнир во Анталија во конкуренција на двојки заедно со Максим Власов.
Во првото коло ги совладаа четвртите носители: Арон Бајбаш и Дорук Чаикоглу со 2-0 во сетови (53 40). Во следното коло противниците Утку Керем и Рамазан Кааноктај не се појавија на терен, а во четвртфиналето ги победија петтите носители Матеј Кобиаков и Арсени Лесник со 2-0 во сетови (40 53), додека во полуфиналето загубија од Зохир Фардун (Белгија) и Даниел Тазабеков (Казахстан) со 2-1 во сетови (67(5), 75 10-7).
Во поединечна конкуренција Амар во првото коло го совлада Чинар Озкарахман од Турција со 2-1 во сетови (61 67(4) 63), додека загуби во втората рунда со 2-0 во сетови (41 42) од Рамазан Каан Октај.