Двајца од македонските млади тенисери измината недела имаа настапи на турнири во јуниорска конкуренција. Амар Хусеиновиќ како 10. ти носител настапи на Ј60 МТА Опен во Анталија. Во првото коло го совлада Киван Бедир од Турција со 2-0 (63 61), а настапот го заврши во второто коло со поразот од домашниот тенисер Џем Кристофер Кузукхусеин со 2-1 во сетови по голема борба (63 67(5) 57).
Во конкуренција на двојки А. Хусеиновиќ настапи со Даниел Ута од Романија. Во првата рунда беа убедливи против домашните тенисери Емре Атламис и Керем Туфгачи со 2-0 (60 61). Во второто коло ги победија Утку Керем и Рамазан Каан Октај со 2-0 (64 64), а во четвртфиналето беа елиминирани од Каан Ишик и Мустафа Еге со 2-1 (46 76(6) 10-7 на поени).
Александар Трифуновски имаше настап на Ј30 Елите Куп 2024 во Бања Лука. Во првото коло го победи Себастијан Влахос од Полска со 2-0 во сетови (62 61), додека загуби во следниот меч со 2-0 (64 63) од Матеја Стефановиќ од Србија.
Во конкуренција на двојки играше со Андреј Тасковиќ од Србија и загубија од Филип Ѓукиќ (Србија) и Матеј Ѓукиќ (БиХ) со 2-0 во сетови (75 62).
Амар Хусеиновиќ и оваа недела има настап на турнир во Турција.