Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Амар Хусеиновиќ во второто коло го заврши на турнирот за млади тенисери во Ајндходен, Холандија. Тој го загуби мечот од Јапонецот Хју Каваниши со 2-0 во сетови (63 60). Хусеиновиќ на овој турнир беше рангиран како 15.ти носител и во првото коло беше слободен.
Покрај поразот во поединечна конкуренција тој го заврши настапот и во конкуренција на двојки откако со Италијанецот Габриеле Кривељаро го предадоа мечот на италијанските тенисери Давиде Киасети и Алесандро Мондаци.