Алексовски во финалето го победи Тала Емин Булут од Турција со 2-0 во сетови (76(2) и 64), а претходно во полуфиналето беше поуспешен од уште еден домашен тенисер Бекир Деран Есендагли со 2-1 во сетови. На патот до финалето Алексовски, кој беше рангиран и како прв носител во првото коло беше слободен, а потоа имаше убедливи победи против Ѓорѓе Кордиќ од Црна Гора 2-0 во сетови без загубен гем во второто коло и со 2-0 во сетови со три загубени гема во четвртфиналето од Марк Ваинберг од Молдавија.
Успехот на Алексовски е исклучително важен бидејќи тој на ранг листата Race to Monte Carlo направи огромен скок за 161.место и сега се наоѓа на 72.место.
Во конкуренција на двојки Алексовски заедно со Алексеј Стојановски на вториот турнир беа полуфиналисти.
Во конкуренција на тенисери и тенисерки покрај Алексовски и Стојановски на турнирите до 14 години настапија и кај девојките Иван Божиновска и Деа Крстевска.
Во истиот период се одржуваше и турнирот за тенисери и тенисерки до 12 години, а македонски преставници беа Томи Јакимовски и Ведрана Таневска. Таневска беше најдобра во consolation draw. Тенисерите до 12 години во првата недела од претстојот во Анталија беа дел од кампот.