Македонскиот тениски тим имаше успешен настап на турнирот за тенисери и тенисерки до 14 години што се играше во Анталија како дел од тренинг кампот. Македонските претставници имаа две финалиња, со еден триумф.
Марко Алексовски и Александар Грујиќ триумфираа на турнирот за момчиња до 14 години во конкуренција на двојки. Тие во финалето ги победија ривалите од Грузија Зука Качеишвили и Зураб Кизамбарели со 2-0 во сетови (63 75). Успехот е исклучително значаен бидејќи македонските тенисери во полуфиналето ги совладаа првите носители домашните тенисери М Ерчин и Керем Генц од Турција со пресврт, откако го загубија првиот сет со 6:0, следниот го добија со 6:2 и во решавачкиот сет беше 11:9 на поени за Алексовски и Грујиќ. Македонскиот тандем во првото коло беше убедлив против претставниците од Косово Мал Каракапи и Ерион Призрени, кои ги совладаа со максимални 2-0 (60 60).
На чекор до победничкиот пехар беше и Сара Митевска која поради болки во грбот го предаде финалето на Теа Ковачевиќ од Босна и Херцеговина (втора носителка). Митевска откако го загуби првиот сет со 6:2 во гемови и во вториот губеше со 1:0 го предаде мечот. Македонската тенисерка имаше одлични резултати на патот до финалето пред сè победата во полуфиналето над првата носителка и фаворитка Ерчин Jал Јавуз од Турција. Митевска победи со 2-0 во сетови (75 76(2)). Во првите две кола Митевска ги победи Мариа Азизјан 2-0 (62 60) и Жана Куношиќ 2-0 (62 61).
Втората македонска претставничка во поединечна конкуренција Анастасија Арсовска заврши на 10. то место. Во мечот за пласман загуби од Азизјан со 2-0 во сетови (61 61). Арсовска во првото коло од третата носителка Ајше Бал (Турција) 2-0 (60 61), а потоа имаше две победи против Анел Хоџа (Албанија) 2-0 (61 64) и Анастасија Марија Чиури од Молдавија со 2-0 (63 62) во сетови.
Во конкуренција на двојки македонските тенисерки загубија во полуфиналето од Теа Ковачевиќ и Жана Куношиќ со 2-0 во сетови (64 61), откако претходно ги победија Ања Адемовиќ и Ања Дрекаловиќ од Црна Гора со 2-1 во сетови (36 64 10-2).
Македонските момчиња во поединечна конкуренција имаа тежок ждреб. Марко Алексовски заврши на 5. то место, но во четвртфиналето од победникот на турнирот Керем Генц од Турција со 2-0 во сетови (64 61). Другите мечеви Алексовски ги доби во првото коло беше подобар од Арес Ферати од Албанија со 2-0 во сетови (60 60), а во мечевите за пласман ги победи Никита Балан (Молдавија) со 2-0 во сетови (60 61), а потоа и Махир Бутковиќ од БиХ со 2-0 (75 60). Александар Грујиќ во првото коло загуби од Зука Качеишвили од Грузија со 2-0 во сетови (61 75), а потоа ги доби сите мечеви за пласман од 9-16.место и турнирот го заврши на 9. то место. Прво го победи Качатур Аветисјан од Ерменија 2-0 во сетови (61 60), а потоа беше подобар и од Петар Станковиќ од Црна Гора со 2-0 (63 60) и во мечот за 9. то место го победи Ади Џиндовски од БиХ со 2-0 во сетови (64 61).