Албанија е првиот противник на македонските тенисерки во БЏК купот во Скопје

June 19, 2023

Репрезентацијата на Албанија е првиот ривал денеска (понеделник) во рамките од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ја имаат улогата на фаворитки, особено што нивните денешни противнички се тенисерки без ранг.

За Албанија пријавени се да настапат: Греши Бајри (17 години), Кристал Дуле (20 години) и Реа Кинами (16 години). Сите три по третпат се дел од албанската репрезентација во ова натпреварување.

Инаку, досега со Албанија имаме одиграно еден меч во 2021 година во Литванија. Македонија победи со 2:1 и тоа беше дел од натпревар од Третата Евро-африканска зона. Катарина Маринковиќ загуби во првиот меч од Кристал Дуле, а Александра Симева ја победи Греши Бајри, додека македонскиот дубл Маринковиќ –  Симева ги совлада противничките со само еден загубен гем.

Македонија е рангирана на 83.то место, додека денешниот ривал е рангиран ан 101.то место.

Распоред на мечевите по терени – понеделник (19.јуни):

Македонија – Албанија (Централен терен – Б група)

Финска – Азербејџан (терен број 5 – Б група)

Црна Гора – Ерменија (терен број 6 – А група)

Кипар – Сан Марино (терен број 7 – А група)

Молдавија – Исланд (терен број 8 – Б група)

Во првото коло од А групата е слободна репрезентацијата на Луксембург.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани